Радио Милева Кој има вакви колеги и другари?

„Секоја чест“: Сашко Коцев и Гораст Цветковски приредија уникатно новогодишно изненадување во домот на Тони Михајловски (фото)

„Секоја чест“: Сашко Коцев и Гораст Цветковски приредија уникатно новогодишно изненадување во домот на Тони Михајловски (фото)

Актерите се оние кои најумежно знаат да одглумат некој лик, а тоа особено добро го направиле ако им го привлекле вниманието на децата.

Сашко Коцев и Гораст Цветковски се махери во својата работа, но овој пат наместо на сцена или пред камера, улога имаа во домот на колегата Тони Михјаловски.

Сигурно веднаш се запрашавте што ли снимале овој пат и каква ли идеја им паднала на памет, а идејата им беше и повеќе од одлична.

фото:сашко коцев/фејсбук

Имено тие секоја Нова Година одат во домот на колегите маскирани во духот на празниците, Гораст како џуџе, а Сашко како Дедо Мраз. Изненадувањето беше за помалото синче на Тони кому му донесоа пакетче, го забавуваа и секако муго направија ќефот на тато.

-Тати ќе дојдат Сашко и Гораст вечерва. Дедо Мраз и џуџето? Јееее.. И доаѓаат секоја година кај децата на своите колеги. Секоја чест и големо Благодарам, пишува Михајловски во описот на заедничката фотографија на синот со џуџето и Дедо Мраз.

фото:тони михајловски/фејсбук

Во коментари се надоврза Весна Микиќ, инаку сопруга на актерот Александар Микиќ која вели дека близнаците Иво и Ена биле шокирани од посетата кога виделе кој им дошол на гости.

Навистина, секоја чест за Сашко и Гораст кои издвоиле време да ги растрепат детските срца во овој магичен период и да ги посетат домовите на колегите.

Кој може да се пофали со вакви колеги и другари?

To top