Актерката Лидија Вукиќевиќ сите ја познаваме по улогата со која се прослави, а денес главно ја гледаме на даските што живот значат. Таа е доста активна на Инсатграм, каде секојдневно следбениците ги радува со нови фотографии.
Овој пат Лидија сподели таква со своите синови, кои се остварени луѓе во своите професии. Давид Мркел е пилот, а Андреј професионален фудбалер. Таа на Инсатграм му го честита роденденот на Андреј, а на Давид професионалните успеси.
-Во еден ден две големи радости. На денешен ден првпат станав мајка. Се роди Андреј. Денес е неговиот роденден, Давид заврши за професионален-комерцијален пилот. Јас сум една многу среќна мајка, напиша актерката за фотографијата од следбениците.
Лидија со Митро Мркел беше во брак од 1991 до 2000 година. Она што сите коментираат е дека Лидија дури и во шестата деценија мами воздишки кај посилниот пол.