Многу познати личности веќе ги украсија своите домови во духот на Новата година, така и поп-ѕвездата Јелена Карлеуша, чија декорација мора да биде како неа – раскошна, светла, модерна, поинаква.
Како што се наближува крајот на оваа година, Карлеуша се посвети на уредувањето на вилата, а со следбениците на Инстаграм сподели како изгледа нејзиниот дом пред новогодишните празници.
View this post on Instagram
ЈК и овојпат не отстапи од своите стандарди. Покрај украсувањето на ентериерот, во величествениот двор не недостигаа и новогодишни украси.
Имено, во самиот двор има неколку новогодишни елки украсени со снегулки, ѕвона, украси во форма на Дедо Мраз, а бројните светилки само придонесоа се да изгледа како од бајките.
Влезната врата е исто така украсена со венец, ѕвона и бројни светилки. Со посебно внимание е уреден и самиот ентериер. Јелена годинава се одлучи за златни, бели и нежно розови тонови.
Покрај украсите, посебен шарм на новогодишното украсување и дадоа мечињата и ирвасите кои беа насекаде низ вилата.
Неколку цвеќиња и многу бели детали направија нејзината елка да изгледа како онаа што ја гледаме во американските филмови или домовите на познатите холивудски диви.
фото:Инстаграм принтскрин