По „Староста доаѓа“, Гуру Харе и Игор Џамбазов повторно влегоа во студио за да ја снимаат новата песна насловена „Секој ден“.
Како и претходно, така и овој пат самите се мајстори на своето дело и заедно ги потпишуваат музиката и текстот , додека аранжманот им е во соработка на басистот Трајко Симоновски – Таци кој исто така ја снимаше и микасаше финалната верзија.
А во денешно време песна тешко се промовира без видео, па тие решија за „Секој ден“ да изработат lyrics верзија која ја оствари Александар Јанковиќ – Фриц.
Пуштете на „плеј“ за „Секој ден“.