Кога ќе замине некоја драга личност од вашиот живот ви недостига неговото присуство, неговото смеење, неговиот глас.
Летото, македонскиот пејач Влатко Илиевски беше пронајден во својот автомобил на „Трета македонска бригада“.
Неговото семејство, пријатели, роднини, колеги останаа во шок и неверување по згаснувањето на младиот живот на пејачот.
И на неговите колеги од естрадата и по неколку месеци од неговото заминување им недостига нивниот колега и пријател.
Македонската пејачка Тамара Тодевска на социјалните мрежи се потсети на заеднички момент од пред две години.
Имено, Тодевска на својот „Фејсбук“ сподели сеќавање со Влатче и Хана, а во описот напиша: Министерот за рокенрол ни дојде на гости.
foto: printscreen