Пејачката Сека Алексиќ е навикната да ги израдува своите фанови ширум светот, кога целосно се опушта на паузите меѓу настапите, во моменти на одмор, а потоа на нејзиниот „Тикток“профил објавува што се случува во тие моменти. Овој пат, по настапот, Сека легна да се одмори во кревет, а токму во тој момент пристигна и храната што ја нарачала, но пејачката не одолеа и веднаш почна да ужива во јадењето на креветот, додека нејзиниот уметнички директор Станислав Закиќ напиша:
– Сакам кога нарачуваш храна и за тебе и за мене, а брзаш така што мислам дека ќе го изедеш и мојот и твојот дел. Фустанот сам нема да се закопча. Но,баш те боли уво, нели? – рече Станислав.
Додека пак, Сека цело време уживаше во храната, едвај успевајќи да каже:
– Пријатно!
Како изгледаше сето ова можете да видите во видеото подолу.
@seka_aleksic Super je bečka šnicla u Stutgartu 😋@Stanislav Zakić ♬ original sound – Seka Aleksić
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Тик Ток