Фолк sвездата Сека Алексиќ е позната како некој што сака да експериментира со фризури, а овој месец март не беше исклучок.
Имено, пејачката се одлучи за популарните афро-кадрици, кои ги „носеше“ пред повеќе од една деценија, и затоа нејзините следбеници на социјалните мрежи со ентузијазам ја дочекаа оваа промена.
„Дојди и земи ме, верзија 2021 година“, гласи само еден од коментарите во врска со новата фризура на Сека.
„Нашата Сека е Тина Тарнер“, „Српска Бијонсе“, коментарите не запреа, а Сека секако не пропушти да објави неколку „стори“ со новиот изглед.