Пејачката Сека Алексиќ не крие дека често се плетка со диети, а овој пат зажали што морала да појадува здрав оброк.
Имено, таа појадувала овошна каша, а изразот на лицето не и бил баш најсреќен поради тоа.
„Повторно нема сланина, им се пожалила пејачката на своите следбеници.
„Видно воодушевена од појадокот“, „Еднаш се живее“, „Секако си убава“, беа коментарите под објавата.
Da li su i vaša jutra ovako srećna?! 😂
Doručak birao @stanislavzakic pic.twitter.com/WjaRcCmOSt— Seka Aleksic (@poslednjilet) September 9, 2022
„Здрава исхрана, не е диета, јадам пет оброци на ден. Вељко јаде сè што ќе остане, но само здраво. Најголем проблем ми е што јас сум готвач, домаќинка која готви и готви и потоа едноставно во еден момент претерав.Но, тоа често ми се случува“, изјави еднаш Алексиќ.