Пејачката Сека Алексиќ денес го слави својот 38-ми роденден, а изгледа дека славењето во нејзиниот дом почнало точно на полноќ.
Нејзиниот сопруг Вељко Пиљикиќ одлучил да и приреди изненадување кое пејачката не го насетила. Имено, како што самата објасни на Инстаграм, Сека тргнала на спиење, а тогаш глетката ја оставила без здив.
Нејзиниот сопруг запалил свеќи кои ги наредил во облик на големо срце, а во средината се наоѓал огромен букет цвеќе и подарок од познат бренд.
-Благослов е што те имам. А само што тргнав на спиење, напиша Сека во описот на снимката што ја објави.
Нејзините следбеници кои сега бројат преку милион, и го честитаа роденденот, а и порачаа дека има прекрасен сопруг кој уште еднаш покажа колку ја сака.