Пејачката Сека Алексиќ во видеото кое го сподели со своите обожаватели откри дека претрпела естетски корекции.
– Имав мали естетски корекции. Што се однесува до ботоксот, ме прашавте … Јас го користам овде, меѓу веѓите, претежно таму. Го ставивме таму затоа што многу се муртев. Мислам дека е сосема во ред – рече Сека во видеото на нејзиниот канал на Јутјуб.
– Кога користите сè во некои мали дози, тогаш е добро. Секоја жена што мисли дека има некои недостатоци, треба да ги поправи. Јас сум за тоа да биде умерено, нормално – додаде таа, а повеќе детали ќе најдете на видеото подолу.