Сека Алексиќ и нејзиниот сопруг Вељко Пиљкиќ наскоро очекуваат друго дете, а сега пејачката откри детали за бременоста и како нејзиниот сорпуг реагирал на радосните вести.
„Мало е да кажам дека бевме воодушевени, тоа е радост која не може да се мери кога ќе се почувствува. На Јаков веднаш му кажавме дека мама е во благословена состојба и дека ќе добие брат или сестра“, изјави Сека која е на почетокот на бременоста и се уште не го знае полот на бебето.
„Откако му кажавме убавата вест тој секој ден вели дека мама има бебе во стомакот и вели дека е братче“ вели пејачката.
Иако се уште не го знае полот на бебето, Сека откри дека ги има подготвено имињата и за момче и за девојче.
„На нас како родители ни е сеедно. Најважно детето да е здраво. Одамна ги имаме имињата и тоа по неколку на список“ вели пејачката која планира да биде активна трудница.
„Ќе настапувам се додека се чувстувам добро, бременоста е феноменална работа и треба да функционираме потполно нормално“ изјави Сека.