Сека Алексиќ расположена дошла на снимањето на новогодишната програма на нејзината колешка Драгана Мирковиќ, која покажа дека по цела деценија конечно ја смириле топката.
– И двете многу се налутивме. Па, Драгана објаснила што точно се случило.
– Годините поминаа и си го направија своето, а верувам дека некако вистината секогаш излегува на виделина – изјавила Алексиќ. Тие двете всушност ги смири Тони, сопругот на Драгана Мирковиќ кого Сека го сретна на аеродром.
– Го сретнав на аеродром. Сосема нормално стапив во контакт со Тони, а тој ме покани да дојдам – откри Алексиќ за ТВ Курир.
Драгана рече дека меѓу нив две немало лоши зборови и дека медиумите сето тоа го „зачинија“.
– Медиумите не натераа да се караме. Јас верував, а таа се налути што јас верував. Не се правете дека не се сеќавате, немаше лоши зборови – рече Мирковиќ.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Драгана Мирковиќ/Курир.тв