Сека Алексиќ направи нова надградба и сега е потешка за еден килограм. Атрактивната пејачката на Инстаграм објави видео од фризерски салон ,а во видеото покажа како изгледа целиот процес на продолжување на косата.
Сека важи за некоја која многу експериментирала со косата и постојано менувала фризури, а во последно време косата и е долга и права. Сепак, таа одлучи да се јави и да закаже за уште подолга.
Пејачката на Инстаграм покажа дека тим од неколку луѓе кои се заслужени за совршениот изглед на нејзината коса и екстензии.
Она што многумина шокираше е должината на косата на Сека, како и тежината на екстензиите кои ги ставила.
– Должина 140 см, тежина 1.000 грама – напиша Сека.
Освен што ја среди косата, Алексиќ неодамна направи и естетска корекција на лицето во приватна клиника во Белград. Ги отстранила пегите што ги имала на лицето.
– Последен третман со ласерско отстранување на дамки пред летото. Продолжуваме во октомври – напиша Сека на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Сека Аексиќ