Радио Милева ги чека вистинските

Сека Алексиќ ги поткачи српските композитори: „Тешко е да се најде песна, нема добри автори“ (фото)

Сека Алексиќ ги поткачи српските композитори: „Тешко е да се најде песна, нема добри автори“ (фото)

Пејачката Сека Алексиќ дојде да го промовира новиот телефон на брендот чија линија ја рекламира, а по тој повод на насобраните претставници на медиумите им откри кои се нејзините планови во иднина.

Сека на самиот почеток призна дека и е исклучително важно дали ќе има квалитетен телефон.

– Сите со нетрпение очекуваме нови телефони, го сакаме тоа. Како некој што е постојано на социјалните мрежи, многу ми е важно фотографиите и видеата да бидат квалитетни – рече таа, а на прашањето дали има снимки кои јавноста не треба да ги види, таа одговори:

– Немам тајни снимки. Само детски снимки.

Алексиќ е мајка на две момчиња, од кои едното почна да оди на училиште.

– Искрено, малку сум во шок… Не сум навикната детето рано да станува и да оди на училиште. Брзо поминаа тие години… Училиштето одлично го прифати, го сака, црта, пишува… Таму е посмирен во споредба со тоа како е дома. Тоа се момчиња кои растат во љубов и веројатно тоа е резултат на сето тоа – заклучува пејачката.
Таа вели дека нејзиниот син јаков е ист како неа.

– Тој е апсолутно моја копија и по однесување и се’, би рекла и по изглед. А Јован е на страната на тато. Помирен е, експлодира во моментот, но Јаков сум тотално јас. И тој е многу тврдоглав.

Сека се труди да поминува што повеќе време со децата, играјќи и да не користат многу паметни телефони.

– Користат телефони, но не често. Се трудиме повеќе да играат и да се забавуваат во куќата. Не им ги забрануваме телефоните, бидејќи нема потреба.

Алексиќ ги откри плановите за кариера и раскажа со какви проблеми се соочува.

– Работам со полна пареа. Кога и да реков дека ќе бидам на медиумска пауза, се случува вакво нешто, па не можам да бидам. Моментално подготвувам нов албум и морам да ви кажам дека е многу тешко да се најдат добри песни. Не би рекла дека има многу автори кои можат да напишат добри песни. Ми се допаѓа што песната е народна и во моментов јас и мојот тим се бориме со тоа. Планот беше песните да бидат објавени во декември, но сепак ќе излезе во февруари. Имам голем проект кој доаѓа од сега до февруари. Медиумска пауза правам токму поради албумот, завршува Сека.

фото:Инстаграм/Сека Алексиќ

To top