Пејачката Марија Шерифовиќ со новата објава на Инстаграм привлече многу внимание на социјалните мрежи.
Имено, пејачката се сликала во огледалото на лифтот, а она што ги изненади сите е тоа што носела црни хеланки, што е нетипично за неа бидејќи повеќе сака да носи само панталони.
– Ништо, тоа е тоа! Се запишувам на балет – се пошегува Марија, по што следеа коментари дека изгледа одлично и дека одлично и прилегаат.
Вака облечена Марија отишла на тренинг за кој претходно изјави дека е многу заморена, но трудот вродил со плод, од кој очигледно е задоволна.
Да потсетиме, пејачката неодамна го прекина концертот во Стара Пазова бидејќи на една жена од публиката и се слоши. Кога Марија видела дека на госпоѓата и е лошо, веднаш престанала да пее и побарала помош од обезбедувањето.
Она што особено ги трогна присутните е тоа што жената и покрај лошата здравствена состојба инсистирала да остане на концертот и до крај да го гледа настапот на Марија.
фото:Инстаграм принтскрин/Марија Шерифовиќ