Промотер

Сефедин Бајрамов ни ги враќа спомените на убавите времиња во – „Животот и јас“ (ВИДЕО)

Сефедин Бајрамов ни ги враќа спомените на убавите времиња во – „Животот и јас“ (ВИДЕО)

Македонската легенда на забавната музика, битолскиот пејач Сефедин Бајрамов неодамна ја промовираше својата нова песна „Животот и јас“ со која според амбиоентот и атмосферата што ја отсликува, не враќа во убавите стари времиња на незаборавните македонски забавни рефрени од некогашните фестивали кон крајот на 60-ите, 70-ите па и 80-ите години на минатиот век.

Песната е визуелизирана и со видеоспот сниман во еден убав предел на Јонското море. Музиката и аранжманот се на маестро Кире Костов, текстот на Валентин Соклевски, спотот е во продукција и режија на познатиот уметнички фотограф и режисер на видеоспотови Дарио Јанковиќ. Аудиото е снимено во студио „Анастасија“, на кое како тон мајстор и човек што го изработил миксот и мастерингот е потпишан Љупчо Павловски, а музички продуцент бил одново Кире Костов.

За жал, поради состојбата со коронавирусот Сефедин се одлучил на ваква промоција, но како што вели кога ќе се создадат услови за одржување на концерти и промоции ќе има и промоција во живо.

Во меѓувреме, проследете го видеото за неговото последно музичко остварување „Животот и јас“.

To top