За големата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ, по кој со години лудуваат жените, пред две децении и кажа „да“ на Александра, со која ги добија ќерките Уна и Лара.
Не е тајна дека пред да се ожени имал многубројни романси, некои дами дури „ја пуштиле фантазијата“ и од обично познананство, правеле флерт или врска, а се шушкало дека Чола имал вонбрачни деца.
Кога во 90-тите на естрадата се појави црномуресто момче, кое одлично пее, а воедно е и шармантно, за некои немаше дилема – Амир Казиќ Лео е син на Здравко.
View this post on Instagram
Чола никогаш не се огласи во јавноста на оваа тема, но затоа Лео на шега рече:
‒ Реков дека тоа скапо ќе ми го плати, дека ќе барам алиментација за сите овие години. Да сум на негово место би снимил дует, за да покажам дали сме толку слични визуелно и вокално или не, кажа Лео.
View this post on Instagram
И покрај тоа што беше импресиониран од таа споредба, хрватскиот пејач изнесе информација која јасно ја разграничи нивната врска.
‒ Чола е само 14 години постар од мене и не може да ми биде татко – нагласи Лео.
фото:Инстаграм принтскрин