Радио Милева Дали да и се верува?

Се зборува дека носот го оперирала петпати: Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред 18 години (фото)

Се зборува дека носот го оперирала петпати: Еве како изгледаше Емина Јаховиќ пред 18 години (фото)

На убавото лице на Емина од почетокот на кариерата, се издвојуваше долгиот нос, што пејачката го поправи со помош на естетска хирургија. Таа не се двоумеше да зборува за тоа јавно. Емина отворено проговори за операцијата на носот, а како што рече, морала да се оперира пред се од здравствени причини. Се шпекулира дека имала дури 5 интервенции на носот, но пејачката досега не го потврдила ниту го демантирала тоа.

– Говорејќи за операциите, дојде време да ви кажам и да ги потврдам од прва рака сите работи поврзани со истите, што не ги знаете. Никогаш не сум направила никаква пластична операција во животот, освен операција на носот, кој го скршив кога имав 14 години. На 14-годишна возраст не можев да направам операција бидејќи коските на лицето сè уште ми беа во развој, па морав да чекам и направив на 21 година – напиша Емина на Твитер пред неколку години и негираше дека направила корекција на усните.

– Моите усни се целосно природни и полни. Мајка ми често ми велеше дека тие се најубавото нешто што го имам на себе. И, со сите оние комплексни, генетски мутации кои не се задоволни од себе, морам да кажам, за жал, мајката природа не ме поштеди – напиша пејачката кога одговори на негативните коментари.

фото:јутјуб/принтскрин/тв архива

Емина тогаш откри дека мора да реагира на озборувања затоа што не би сакала млади девојки, мислејќи дека ја имитираат, да одат под нож. Емина подоцна ги избриша сите овие изјави и остави само еден коментар:

– Го напишав ова за сите вас кои ме сакате и ме поддржувате, ме следите и штитете. Да се знае која е Емина Јаховиќ – беше нејзиното соопштение.

Емина неодамна ги промовираше своите козметички производи во еден клуб, а нејзиниот изглед предизвика големо внимание поради килограмите.

 

View this post on Instagram

 

Stillness… jacket @itmfl_official 🦋

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina) on

– Ги разбирам луѓето кои се шокирани кога ме гледаат, но ми се допаѓа што сум слаба, тоа е мојот избор, се чувствувам добро. Не ми одговара да бидам пополна, не сум од оние жени со прекумерна тежина – рече Емина во тоа време.

To top