Радио Милева

„Се запали, изгоре“: Гоца Тржан откри каков пех доживеала во станот

„Се запали, изгоре“: Гоца Тржан откри каков пех доживеала во станот

Српската пејачка Гоца Тржан е една од оние пејачки која освен за пеење ја бива и за готвење.

„Сакам се од италијанска до тајландска и кинеска кујна. Тоа секогаш е некоја моја верзија на храна, сакам да експериментирам. Не сакам да готвам слатки работи, тоа не ми оди од рака“ вели Тржан.

Во нејзините специјалитети најмногу ужива сопругот Раша.

фото: Милан Илиќ/рас србија

„Мислам дека Раша сака кога готвам нешто специјално, а Лена малку е прибирлива кога е во прашање храната. Не ги сака многу моите експерименти, туку да е едноставно“  објаснува пејачката и додава дека имало моменти кога и загорувал ручекот.

фото: инстаграм

„Готвев гулаш и го оставив на најсилен огин. Толку изгоре така што шерпата се запали и морав да ја фрлам. Научив дека во готвењето е најважно да бидете трпеливи и да внимавате на тоа што го готвите“ вели пејачката.

To top