Александар Цветковиќ Сале, фронтменот и пејач на бендот „Тропико“, откри дека иако се развел од Јована Пајиќ, не се двоумел да и купи подарок за Денот на жената.
– На сите им го честитав 8-ми март, на моите пријатели, на девојката која работи во теретана, на мајка ми, на сопругата – отворено вели пејачот, иако тој и Јована пред неколку месеци јавно признаа дека се разведоа.
– Ќерките и направија подарок на мајка си во градинка, како и секоја година – вели Сале и додава дека не греши кога купува подарок, а тоа се најчесто книги.
View this post on Instagram
– Секако, на Јовани и купив подарок, книга – 12 правила за живеење против хаосот – со насмевка признава Сале за „24sedam.rs“ и додава дека се уште има жена.
Инаку, вчера по повод Денот на жената пред белградскиот трговски центар во Палилула се одржа спектакуларен концерт на бендот „Тропико“.
Овој сценско-музички спектакл и покрај студеното време го посетија неколку илјади граѓани кои уживаа во двочасовната изведба на најголемите хитови на популарниот бенд.
Да потсетиме, пејачката Јована Пајиќ и Александар Сале Цветковиќ на почетокот на декември минатата година јавно признаа дека се разведуваат, по десет години брак.
View this post on Instagram
– Точно е дека јас и Саша донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Ќе останеме пријатели и ќе бидеме, како и досега, посветени на заедничкото одгледување деца. Разводот е во тек и поради мирното воспитување на нашите девојчиња, барам медиумите да ни ја овозможат потребната приватност – изјави тогаш Пајиќ за медиумите.
Инаку, Јована и Сале од бракот имаат две ќерки – Хелена и Џина.
фото:Инстаграм/сале Тропико/Јована Пајиќ