Радио Милева ем се уште женет, ем повторно верен

Се сврши Аца Лукас: Иако се’ уште не се развел од Соња, пејачот и подари веренички прстен на новата девојка Јована (ФОТО)

Се сврши Аца Лукас: Иако се’ уште не се развел од Соња, пејачот и подари веренички прстен на новата девојка Јована (ФОТО)

Аца Лукас сè уште не се развел од сопругата Соња, а веќе планира свадба со новата девојка Јована Дорошки.
Поради закажани настапи, тој изнајмил апартман во еден хотел во Будва на еден месец, а кога настапува во друга држава, во него престојува неговата девојка Јована Дорошки. Деновите ги поминува на плажа, а навечер претежно е во собата. Кога Аца е тука, тие излегуваат на вечера и заедно и шетаат низ градот. Можете да ги видите и евидентно е дека се сакаат, а Аца тоа гордо го покажува на сите“ – вели извор за српски „Свет“.

„Минатата недела тие беа во Порто Монтенегро нашопинг, а потоа застанаа кај еден златар, каде што Аца и купи прстен. И тоа едно од најскапите парчиња накит – бело злато со дијамант. Таа најпрвин не сакаше да прифати толку скап подарок, па се расправаа сè до Будва. Се согласи да го земе прстенот на романтичната вечера, дури откако Аца и објасни дека тоа всушност е венчален прстен“ – заклучил изворот.

Инаку, Аца одлучи да го промени комплетно својот животен стил поради Јована. Тој не сака повеќе да се расправа со Соња, сега е важно за него добро да функционираат заради ќерката Викторија.

Фото: Немања Николиќ

To top