Приватниот авион на Алиша Бет Мур, позната како Пинк се срушил во текот на слетувањето на аеродромот во Данска.
Во авионот бил екипажот како и менаџерот на пејачката, а на видеото се гледа како пожарникарите брзаат кон местото на несреќата за да го изгасат пожарот и да помогнат на патниците.
Според пишувањата авионот„Cessena 560xl“ летал од Норвешка.
Авионот превезувал седум патници, четири државјани на САД, двајца од Австралија и еден Британец. Тричлениот екипаж бил составен од германски пилоти и стјуардеса од Германија. Никој од патниците и членовите на екипаж не е повреден.
Пинк е на светска турнеја, а денеска треба да настапи во Данска.