Радио Милева
го истана задниот дел

Се соблече Ана Ѓуричиќ: Поранешната задругарка ја „запали“ мрежата со слика од базен (фото)

Се соблече Ана Ѓуричиќ: Поранешната задругарка ја „запали“ мрежата со слика од базен (фото)

Контроверзната поранешна учесничка на тв реалити  Анѓела Ѓуричиќ, по раскинувањето со Ѕвездан Славниќ, се врати кај родителите во Црна Гора, а сега отпатува за Сплит од каде покажа како го поминува времето.

Со кого отпатувала во Хрватска, не е познато, но се гледа дека ужива од видеата кои ги објавува, па  веднаш ја „запали“ мрежата со слика од базен.

Имено, Анѓела се соблече во црна танга бикини, а потоа со свртен грб седна покрај базенот и го истакна задниот дел, што предизвика лавина коментари на мрежите: „Срам да ти е, стани“, „Какво разочарување и лоша глума“, „Нема срам, нема срам, тоа сме го виделе и порано“, „Грозно“, беа само дел од коментарите.

Да потсетиме, Анѓела неодамна ги откри деталите од раскинувањето со Ѕвездан Славниќ.

– Дојдов дома, ми треба одмор. Ги реновираме становите, сега се средуваат, куќата се продава веќе неколку години. Ако некој има пари, може да дојде да ги купи – рече на почетокот Анѓела, а потоа се наврати на раскинувањето со Ѕвездан.

– Јас го избрав семејството, мојот мир и мојата иднина и јас пред сѐ. Сакам да бидам вистински ангел, да се градам во вистинско светло со луѓе кои ме ценат. Добри работи почнаа да ми се случуваат. Благодарна сум што тргнав на вистинскиот пат. Кога ќе одлучам нешто, тоа е крајот. Сега одам на некои нови победи – изјавила Анѓела за „Хајп“.

Фото: Принтскрин/Инстгарам/Рингиер

Останати вести од Радио Милева