Јелена Карлеуша и Огњен Врањеш денес имаа закажано судење во Првиот основен суд во Белград.
Меѓутоа, ниту Јелена ниту Врањеш се појавиле во судот.
Како што пишуваат српските медиуми, Огњен наводно ги повлекол сите тужби против Јелена Карлеуша.
Извор близок на босанскиот фудбалер за „Информер.рс“ тврди дека Врањеш ги повлекол сите тужби против пејачката и не сака повеќе да биде дел од приказната.
Не е познато зошто Огњен се одлучил на овој потег.
За потсетување, порно аферата на Карелуша и Врањеш започна на почетокот на годината.
Имено, во медиумите се појавија експлицитни фотографии од пејачката која наводно ги праќала на Врањеш, а српските медиуми пишуваа за нивната афера и дека наводно Карлеуша го изневерувала сопругот со Врањеш.
Јелена неколку пати досега ги демантираше овие пишувања истакнувајќи дека фотографиите се монтажа и никогаш не била со Врањеш.