Радио Милева
Ја смирија ли топката?

Се шпкулираше дека Тамара Тодевска и Катарина Ивановска се скарани, а една фотографија што ја објави пејачката ја води приказната на друго ниво (фото)

Се шпкулираше дека Тамара Тодевска и Катарина Ивановска се скарани, а една фотографија што ја објави пејачката ја води приказната на друго ниво (фото)

На почетокот од годинава во домашните медиуми се шпекулираше дека некогаш најдобрите другарки, пејачката Тамара Тодевска и познатата манекенка Катарина Ивановска повторно не се во добри односи, а причината наводно била – изневерена доверба, барем така се шпекулираше.

Пејачката и манекенката тогаш не се огласија по ваквите пишани приказни, што дополнително даде потврда на навестеното, а згора на тоа ги тргнаа и заедничките спомени од социјалните мрежи.

Во таа прилика еден нивни заеднички пријател кој сакал да остане анонимен изјави:

– Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги, вели за магазинот нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Сепак, оттогаш помина доста време, а од заедничките дружби на добрите пријателки ни трага, ни глас.

Дека нешто ново се случува кога нивниот пријателски однос е во прашање, потврдува фотографијата од Катарина која позира во парче дизајн на познат моден дизајнер и соработник на Тамара, а се најде во кусите приказни на Инстаграм кај пејачката.

Дека можеби со ова сака да ја смират топката или веќе тоа се случило, ќе покажат самите.

Останати вести од Радио Милева