Сопругот на Тијана Дапчевиќ и познатата поп пејачка во април прославија 21 година брак, а за сето тоа време Милан Дапчевиќ не сакаше особено да се експонира во јавноста. Иако некогаш можеше да се види со Тијана овде-онде, во последните неколку години тоа се поретки прилики. Затоа ретка шанса да се дознае како изгледа сопругот на Тијана Дапчевиќ обезбеди самата пејачка на својот профил на „Инстаграм“, каде на почетокот на годинава сподели убаво колаж видео од нејзиното патување, нејзиниот сопруг и нивниот син Вук.
View this post on Instagram
Видеото открива дека сопругот на Тијана Дапчевиќ некако останал ист како порано, само неговата брада е значително подолга. Она што е сепак многу поважно е што по повеќе од две децении љубовта меѓу оваа брачна двојка не стивнува, згора на тоа расте. Нивниот брак помина само низ една криза, кога се пишуваше дека сопругот на Тијана Дапчевиќ и е неверен на пејачката, но таа тоа остро го демантираше.
View this post on Instagram
– Се пишуваше дека Милан ме изневерил, но јас не негирав затоа што нас не не нтересираат такви работи. Не ме изневерил, ниту јас него! Сите овие години не погледнав во друг маж, бидејќи со мојот сопруг имам сè! Тоа беше и останува љубов на прв поглед. Можеби го изневерував со Џони Деп, Метју Меконахи, Бредли Купер, но во мојот ум – на мој начин, истакна Тијана.
Фото:Принтскрин/Инстаграм