Неодамна се појавија шпекулации во медиуимите дека принцот Вилијам открил дека боледува од редок вид на рак што предизвика вистинска семејна драма во кралското семејство.
Сега магазинот „Globe“ пласира нови информации во врска со неговата состојба и загриженоста на неговата сопруга,Кејт Мидлтон.
Војвотката од Кембриџ наводно е многу загрижена за сопругот кој се бори со физички и психички проблеми и го моли да побара стручна психолошка помош. Вилијам наводно „пука“ поради товарот со кој требаше да се справи минатата година, од заминувањето на Хари од семејството и срамот кој принцот Ендру го фрли на кралското семејство со својот пријателски однос со Џефри Епстин, кој водел проституција на малолетни девојки, па до најтешките вести кои ги дознал – дека боледува од редок и тешко излечив вид на рак.
View this post on Instagram
Веќе долго време живее со многу малку сон и станува сè послаб.
Кејт е очајна од грижи, бидејќи не сака да остане без својот сопруг и татко на нејзините 3 деца, открил извор близок на кралското семејство. Освен што го наговара да побара професионална помош, Кејт постојано го потсетува Вилијам дека не смее работите толку да ги зема при срце. Но, тој совет тешко може да го примени во пракса.
View this post on Instagram
„Вилијам е на чекор до работ. Веќе долго време живее со многу малку сон и станува сè послаб. Речиси и да нема апетит“, рекол изворот.