Радио Милева Силна љубов

Се шпекулираше дека наводно се разделуваат: Снежана Ѓуришиќ отворено проговори за врската со докторот

Се шпекулираше дека наводно се разделуваат: Снежана Ѓуришиќ отворено проговори за врската со докторот

Пејачката Снежана Ѓуришиќ јавно проговори за врската со познатиот српски доктор гинеколог, Вања Милошевиќ.

Бидејќи во јавноста се шпекулираше дека двојката раскинува, Снежана во една емисија ги демантираше сите наводи.
– Јас и Вања сме добри, живи и здрави, се сакаме како првиот ден – кратко прокоментирала таа.

– Ништо не се случи, како што беше на почетокот, така е и сега – изјави пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Snezana.Djurisic (@snezana.djurisic_)

Таа откри и дека низ животот научила да ги разбира луѓето, па не може да се сети кој ја разочарал.

– Најмногу ме разочаруваат луѓето кои се занимаваат со лаги. Некој во кој верувам, тогаш сфаќам дека сум погрешила. Секој има причина да се однесува како што се однесува. Денес луѓето се помалку се грижат за луѓето, а особено за себе – изјавила познатата пејачка.

фото: Massnori Josida/Instagram

To top