Можам да се заколнам дека Нада е моето вистинско име – изјавила пејачката.
Многумина знаат дека вистинското име на Ана Бекута е Нада Полиќ, а дека Сашка Каран се вика Савка Газивода. Но, тие не се единствените на естрадата кои го сменија името и денес се познати по уметничкото име. Пејачката Нада Топчагиќ ја поврзуваат со приказна дека го сменила името, иако никогаш не признала, а неодамна проговори за тоа во една емисија.
Имено, имаше тврдења дека нејзиното вистинско име е Сенада.
– Веднаш да кажам дека моето вистинско име е Нада, можам да се заколнам. Можат да одат во Модрича, Таревче, Република Српска, каде што сум заведена. Значи, Нада Топчагиќ. Никогаш не го сменив моето име. Сега јавно велам, кој и да го донесе Сенад, ќе дадам се што имам и две литри крв, што би рекол мојот композитор Предраг Вуковиќ. Велам, кој ќе донесе крштеница, извод од матичната книга дека сум Сенада, се откажувам од се што имам и го давам, бидејќи вистинското име ми е Нада – вели таа.
Фото: Принтскрин/Часлав Вукојичиќ