Познатата американска раперка Карди Би во „Инстаграм лајв“ ја откри причината за разводот од сопругот Офсет.
Имено, таа откри дека причината за разводот не е неверство туку честите кавги довеле до крај.
Пејачката пред неколку дена ги поднела документите за развод, а како што вели не заплакала ниту еднаш.
„Ви благодарам на сите на поддршката, иако не ми е потребна, добро сум. Сакам само да ви порачам дека не заплакав ниту еднаш“, изјави раперката.