Милица Станишиќ на своите осум години учествуваше во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа со својот глас ја освои публиката, но и жирито кое тогаш го сочинуваа Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Аца Лукас, Шабан Шаулиќ, Снежана Гуришиќ и Зорица Брунцлик.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/milica3-700x425.jpg)
Таа се претстави со песната „Моја заклетво“ од Зорица и на првите тактови го освои жирито и публиката.
Инаку, тогаш членовите на жирито не знаеја за кого се работи бидејќи кандидатите настапуваа пред видео бим и не можеа да ги видат натпреварувачите се додека не добијат шест гласа.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/milica2-700x373.jpg)
Поради годините, Милица не можеше да продолжи во „ЅГ“, па се проба и во „Неки нови клинци“.
Милица оди во музичко училиште, пее и свири клавир, а заедно со својата сестра учествуваат во промоција на културата и уметноста на Репбулика Српска.
![](https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/milica.jpg)
По завршувањето на средно образование планира да се запише на Музичка академија.