Овие денови често се пишува за скандалот кој се случи во „Ѕвездите на Гранд“ односно дисквалификацијата на Вања Кнежевиќ.
Имено, Вања кој беше под менторство на Марија Шерифовиќ е исфрлана од натпреварувањето бидејќи по емисијата во која таа настапува на социјалните мрежи поддржала објави со навреди за Јелена Карелуша.
Како што истакна Поповиќ, тие размислувале да ја вратат, но Вања на својот „Инстаграм“ сподели дека е среќна што заврши со овој вид на натпреварување и ги навредува „ЅГ“, по што продукцијата донесе одлука сепак да не ја врати.
Ова не е прво дисквалификување во музичкото шоу. Пред неколку години беа исфрлени Немања Стевановиќ и Милена Чераник поради нивното однесување во реално шоу.
Исто така во 2019 година, од „Ѕвезде Гранда“ беше исфрлен и македонскиот кандидати Адам Лабунски.
Тој откако се појави на сцената во Гранд често добиваше пофали дека е поразличен и дека го поправа пеењето, а Карлеуша му велеше дека ќе биде ѕвезда.
Сепак, Адам го исфрлија од натпреварувањето. Причина за тоа било несогласувањето поради хотелската соба каде бил сместен и не сакал истата да ја дели и со таткото на неговиот противкандидат Данијел Васиќ.
Откако Адам престана да биде дел од музичкото шоу, тој досега се нема пријавено во ново музичко натпреварување.
Она што е ново на љубовен план кај Лабунски е тоа што претходната година на Босфорот ја запроси својата девојка Џејалана Дачиќ.
Лабунски работи и на својот физички изглед и ја одржува својата кондиција, но и топ форма. Така, на неговиот „Инстаграм“ може да се видат фотографии на кои е во теретана и работи на кондицијата.
Во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачот го покажа и крајниот резултат од напорното вежбање и затегнатите мускули на кои може многумина да му позавидат.
Тој пред некое време исто така ја издаде и својата нова песна „Поричем лажем“.
Инаку, Адам пред да учествува во „Ѕвездите на Гранд“, беше дел од музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“.