Францускиот заводник Винсент Касел со еден негов потег ги подгреа гласините за развод од Тина Кунаки.
Во центарот на скандалот кој ја тресе меѓународната јавност во моментов е европскиот актер Винсент Касел, кој, очигледно, ставил точка на петгодишниот брак со манекенката Тина Кунаки.
Касел ги подгреа гласините за развод кога, на изненадување на многумина, ги избриша сите фотографии на кои е со својата поубава половина од својот Инстаграм.
Познатиот 56-годишен и 30 години помладата манекенка се венчаа во 2018 година, две години откако почнаа да се забавуваат, а во април 2019 година станаа родители на ќерката Амазонија.
– Тие раскинаа пред неколку недели. А, на Тина сега и е скршено срце – изјавил извор за „Дејли мејл“.
Досега еден од најинтригантните парови, пред се поради големата разлика во години, не се огласил за пропаѓање на љубовта, но на светската јавност одамна и е јасно дека меѓу нив „не е во ред“.
Да потсетиме, парот влезе во романса кога Тина имаше само 18 години, набргу откако Касел стави крај на бракот со Моника Белучи. Јавноста беше убедена дека француската заводничка никогаш нема да најде жена која може да и парира на италијанската убавица, но изборот на младата и убава Тина Кунаки дефинитивно ги смири сите.
Инаку, славниот Французин беше во брак со Белучи од 1999 до 2013 година, а ги имаат ќерките Дева и Леони.
Фото: Принтскрин/Епа Имаџес