Радио Милева
бебе на пат

Се разголе несудената снашка на Цеца, па го покажа трудничкото меше: Маша Терзиќ е секси трудница (ФОТО)

Се разголе несудената снашка на Цеца, па го покажа трудничкото меше: Маша Терзиќ е секси трудница (ФОТО)

Маша Терзиќ, ќерката на генералниот директор на „Црвена звезда“, Ѕвездан Терзиќ и некогашната несудена снашка на Цеца, ги воодушеви сите со нова фотографија на Инстаграм, на која во преден план е нејзиниот труднички стомак.


На Маша и останува уште малку додека да ја исполни својата најдобра животна улога и да стане мајка за прв пат.

Таа е активна на социјалните мрежи, а сега сподели фотографија на која покажа колку е секси и како трудница, додека на одмор и ужива во деновите на својата бременост.

Имено, таа ја наслика својата сенка во песокот и го покажа големо трудничко стомаче.

„Babymoon“, напиша Маша под фотографијата, некогашната девојка на Вељко Ражнатовиќ, синот на Цеца..

„Маша веќе неколку месеци е во идилична врска со момче кое не сака јавнода се експонира  и ј таа а испочитувала неговата желба, па не објавува фотографии со него и не го открива неговиот идентитет“ – вели изворот на почетокот на разговорот за „Ало“ и додава:

„Таа е бремена два и пол месеци, а оваа вест ја воодушеви и самата неа и двете семејства“ – вели изворот што и самата Маша го потврдува со фотографиите на кои покажала дека колку е секси и како трудница.

Дека сè помеѓу Маша и нејзиниот избраник оди се’ добро говори и тоа што двојката наскоро планира да се венча.

„Свадбената веселба беше планирана уште пред веста дека Маша е бремена, но сега се’ ќе биде забрзано, а свадбата нема да биде во Белград, туку во странство. Планот е парот да го каже судбоносното „да“ во интимен круг од не повеќе од 50 гости, а идејата е сите да отпатуваат до договорената и тајна дестинација на сметка на младенците“ – наведува изворот, а и потврдува дека Терзиќ сигурно ќе се породи надвор од Србија.

Фото: инстаграм принтскрин/mashaterzic

Останати вести од Радио Милева