Радио Милева

Се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а сега Стефан Величковски менува професија

Се прослави во „Ѕвездите на Гранд“, а сега Стефан Величковски менува професија

Пејачот, Стефан Величковскипокрај големиот број на настапи со својот бенд во Македонија и учество во најгледаното регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, ќе треба да најде доволно време за да се посвети на својот нов моден ангажман во модната агенција „МоделсИн“ каде го очекуваат бројни фото сесии, рекламни спотови и модни едиторијали за престижни брендови.

Модната агенција „МоделсИн“склучи договор со македонскиот пејач Стефан Величковски за да го застапува во светски рамки.

– Соработката со Алек Наумовски и неговата модна агенција „МоделсИн“ дојде сосема случајно. Во изминатите три месеци комплетно го променив својот начин на живот, редовно вежбам со мојот тренер Сергио Спасов и многу внимавам на својата исхрана, па влезот во модниот свет за мене претставува голем предизвик. Се надевам дека добро ќе се снајдам, но и верувам во тимот зошто долги години успешно функционираат, вели Величковски.

Како потсетување, Величковски своите последни две студиски песни ги сними во 2010 година во студиото на Лазар и Ена Цветкоски, а после цели осум години повторно одлучи се да се врати на естрада и да снима нови хитови.

фото: Фејсбук

To top