Радио Милева

Се проба во естрадните води, па се повлече од сцената: Лепа Брена откри каде е Стефан Живојиновиќ и во какви се односи

Се проба во естрадните води, па се повлече од сцената: Лепа Брена откри каде е Стефан Живојиновиќ и во какви се односи

Поголемиот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ се проба во естрадните води. Имено, Стефан сними неколку песни, а кога фати пандемијата со коронавирусот тој се повлече од естрадата.

Живојиновиќ отогаш не се појавува во јавност, а во медиумите се шпекулираше дека тој не е во добри односи со семејството.

Брена за стори.рс откри каде е Стефан и во какви се односи.

-Ја поддржавме неговата одлука повеќе да не се занимава со музика. Ако сме во состојба да ги прифатиме одлуките на другите, зошто да не ги прифатиме одлуките на нашите деца. Важно е нашите деца да се среќни, а со што ќе се занимаваат тоа е нивен избор кој Боба и јас секогаш го поддржуваме.

Брена се огласи и по пишувањата дека не е во добри односи со синот Стефан и зошто тој не се појави на нејзиниот роденден.

-Со Стефан се е во совршен ред, тој сега се занимава со друга работа. Не се појавува на собирања за да не се зарази со корона. Тоа е единствена вистина. Се гледаме дома и се дружиме, изјави Брена.

Таа откри дека нејзиниот син започнал и нов бизнис кој ќе го претстави на јавноста следната година.

фото: инстаграм/лепа брена/стефан живојиновиќ/Д. Бриза/рас србија

Останати вести од Радио Милева