Вереницата на младиот и популарен актер Милош Биковиќ, Ивана Малиќ се породи во приватна болница. Два дена по Божиќ го роди своето прво дете, машко, од љубовната врска со Биковиќ.
Актерот денеска на социјалните мрежи сподели симпатичен цртеж, кој се чини дека е нацртан на некој дел од телото на него или неговата вереница, на кој има три лика – маж, жена и дете.
Пријателите, познаниците и обожавателите им честитаа на родителите преку коментари на Инстаграм: „Честитки од срце до храбрата мама и гордиот тато, а се најдобро за малиот принц“.
View this post on Instagram
По породувањето, Ивана се чувствува добро, како и нејзиниот син, а бебето добило оценка 10.
Да потсетиме, Ивана и Милош ги прославија Новата година и другите празници во топлината на својот дом во Белград.
Малиќ на Инстаграм објави слика на која го гледаме актерот како чита книга, а во позадина елка со светилки и прекрасни украси.
Фото: Printskrin/Instagram/