Се породи новинарката и ТВ водителка Анастасија Деа Богданоска.
Поранешната уредничка на утринската програма на ТВ Алфа на свет го донесе своето второ дете, а убавата вест на социјалните мрежи ја сподели нејзиниот сопруг, Богдан Илиевски (Бетмен Велит).
Откако, Анастасија и сопругот Богдан Илиевски Бетмен ја добија ќерката Дениција, сега добија и машко чедо како принова.
Девојчето доби необично име по една од песните на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски. Останува сега да видиме дали момченцето ќе добие име по некој од светлите патриотски ликови од нашата историја или можеби ќе биде крстено по името на некој од дедовците како што налага семејната традиција?
Како и да решат да се вика, нека им е со среќа приновата на гордите родители, кои за потсетување, во јули 2021 година, кога нивната Дениција наполни една година, Анастасија и Богдан направија свадбена прослава.
Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/anastasiia_dea