Се породи уште една Македонка – позната дама од јавниот живот. Имено, неодамна објавивме фотографии на кои македонската манекенка и топ модел Цеце Орешкова, сега Георгиев, позира трудна, со разголен стомак во последниот месец од бременоста. Таа дел од своите фотографии постираше на социјалните мрежи, а на на нив манекенката позира сама…
…со својот сопруг, исто така познатиот македонски манекен и модел Кристијан Георгиев…
…но и со своите љубимци, коњите од нивниот коњички клуб „Енималс“.
Дури уште не породена, среќната мајка откако веќе го знаела пополот на бебето, ги сликаше малите бебешки чевлички заедно со своето омилено грло.
Деновиве, згодната и сексапилна неготинчанка која денес живее во Скопје и манекенот со кого претходно беа во љубовна врска долги години ја добија својата принова.
Цеце на Кристијан на свет му донесе прекрасната ќеркичка. Малата принцеза, доби, барем за македонски поими необично име: Кара Розмари. Но затоа пак, радоста и среќата на родителите беше неизмерна.
Прекрасен букет рози за мајката од среќниот сопруг и татко и големо кадифено розово мече со виолетова панделка за малата убавица…
Ако се’ уше важи онаа дека „крвта не е вода и крушата под круша паѓа“, Македонија доби уште една убавица која кога ќе дојде време, достоинствено и гордо ќе ги замени мама и тато. Сега, тие се горди родители, кои раѓањето на нивната мала принцеза ги направи најсреќни на свет.
Нека им е жива и здрава, а со неа вечно да се радуваат и гордеат!