Радио Милева чукна часовникот

Се породи Тара Симов: Задругарката роди син со царски рез и ја објави првата слика од бебето (фото)

Се породи Тара Симов: Задругарката роди син со царски рез и ја објави првата слика од бебето (фото)

Поранешната задругарка Тара Симов денеска се породи и роди машко дете. Тара стана мајка за прв пат и му роди наследник на својот избраник Данило.

Иако Тара имала потешкотии во текот на бременоста и неколку пати завршила со силни болки, се поминало добро, а  мама и бебето се одлични. Тара се породи денеска со царски рез во договор со докторот.

Тара ја објави првата слика од својот син со емотивни зборови: -Нашиот најубав син – објави Тара и во објавата го тагна својот избраник Данило.

Ријалити ѕвездата е активна на „TikTok“ и редовно споделува со своите следбеници што и се случило за време на бременоста. Сепак, Тара по породувањето реши да се одмори од социјалните мрежи и да не се рекламира еден месец за да се посвети што повеќе на бебето и да се опорави по царскиот рез.

– Бебето веќе еден час ми скока на стомак, а јас сум малку поспана. Ова е последниот лајф, во шест и пол ќе се породам. Останав ќелава од бременоста. Ќе бидам недостапна еден месец, по породувањето. Нема да можам да го правам тоа што сакам. Закрепнувањето од царски рез трае толку долго, ќе ми биде прекрасно кога ќе закрепнам од царски рез, за ​​еден месец – изјавила Тара. 

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Тара Симов/Милена Џорџевиќ

To top