Српската пејачка Сека Алексиќ се породи и по вторпат се реализираше во улогата на мајка.
Имено, пејачката пред неколку месеци го откри полот на бебето, односно откри дека очекува момче и дека за синот го одбрале синот Исак.
Радосните вести дека добила син, пејачката ги објави на својот „Инстаграм“, но синот не се вика Исак, туку Јован, по нивната куќна слава „Свети Јован“.
„Не е како што ние сакаме, туку како Господ ќе каже. По нашата слава „Свети Јован“ утринава се роди Јован, а желбата на татко му беше иста. Рече: „Нека се вика Јован“. Ако следното бебе е машко, тоа ќе се вика Исак“ напиша Сека на социјалните мрежи и ја објави првата фотографија од синот.
За потсетување, Сека и Вељко од бракот веќе го имаат синот Јаков.