Радио Милева
штркот слета...

Се породи Нора Шаќири, а синчето доби необично име (ФОТО)

Се породи Нора Шаќири, а синчето доби необично име (ФОТО)

Поранешната ТВ водителка и родена сестра на пејачот на групата „Нон стоп“, Бени Шаќири – Нора Шаќири стана мајка.

Таа и нејзиниот сопруг Марко денес за прв пат станаа родители. Нора и преку социјалните мрежи му посака добредојде на синот Ијан.

Среќниот татко, пак, објави дека е исто толку возбуден и горд.

Нора и Марко, како што е познато добија машко дете, а синчето доби помалку чудно и необично име за балкански услови – Ијан.

Се работи за типично англиско име, а блиските пријатели и познаници тврдат дека со оглед што и таткото (Марко) и вујкото (Бени)  на новородениот Ијан се „рокери по професија“, тој го добил името по некој од светските рок музичари, како што се пејачот на легендарните „Deep Purple“ – Ијан Гилан, или нивниот тапанар, Ијан Пајс или можеби по Ијан Кертис, вокалистот на култните  „Joy Division“, или…?!!

П.С.

Само неколку часа после породувањето во изјава за естрадниот магазин „Бекстејџ“, Нора откри дека се породила со царски рез и кажа како се чувствува како тазе мајка.

Целата изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение:

Останати вести од Радио Милева