Вчера, среда,последниот ден од февруари (28), српската пејачка Наташа Беквалац се породи во една приватна белградска клиника и на свет донесе женско дете кое веднаш го доби името Катја.
Пејачката не го криеше задоволството и еуфоријата дека повторно станала мајка, а за првпат по нејзиното породување се појави на социјални мрежи, каде што објави емотивна порака и фотографија од породилното одделение.
„Едвај можам да кажам нешто од она што го чувствувам. Вчера во 16:27 ја родив Катја … Ви благодарам за вашата љубов, убавите зборови и желби, поддршка“ – напиша Наташа Беквалац на Instagram.