Радио Милева горди родители

Се породи Катерина – пејачката на фолк групата „Соната“: Минатиот месец невеста, овој мајка! (ФОТО)

Се породи Катерина – пејачката на фолк групата „Соната“: Минатиот месец невеста, овој мајка! (ФОТО)

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков по цели 18 години љубовна врска, пред точно еден месец го кажаа судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар, за вчера, 24 јуни 2019 во попладневните часови брачната двојка да  објави уште една среќна вест. Можеби и посреќна од самата венчавка.

Имено, ако минатиот месец беше невеста, шармантната Кате од овој месец е мајка! Или поточно, младоженците за неполн месец станаа родители!

Имено, русокосата велешанка на свет го донесе своето прво чедо, па така Катерина и Трајче станаа родители на прекрасно девојче. Можеби навидум  изгледа чудно, но  не е ако се знае дека Катерина влезе во брак со Трајче во осмиот месец од бременоста, која мора да се признае, многу умешно ја криеше од јавноста се до венчавката.

Малата убавица го доби името Ана, а со нејзиното доаѓање на свет во една елитна скопска приватна клиника, дојдоа и првите честитки, се разбира од најблиските, роднините, пријателите, колегите…

Дури и слатката торта за новопристигнатата принцеза пристигна со нејзиното раѓање, како и преубавата порака за добредојде на овој свет на малата Ана!

Девојче е, а дали ќе биде и пејачка на мама? Или музичар на тато? Или можеби обете?

Девојките го движат светот, затоа… Нека е жива и здрава!

Талентот за музика и дарбата за пеење сигурно се некаде запишани во гените, а патот, самата ќе си го одбере кога ќе дојде вистинското време за тоа!

To top