Радио Милева новогодишна принова во семејството

Се породи Евгенија, сопругата на нашиот познат инфектолог Вело Марковски (ФОТО)

Се породи Евгенија, сопругата на нашиот познат инфектолог Вело Марковски (ФОТО)

Се породи Евгенија Марковска сопругата на инфектологот др. Вело Маковски – пренесе Шило магазин.

Вело Марковски сега е во брак со многу помладата Евгенија Николовска – Марковска, која на јавноста исто така не и е непозната од порано. Особено на онаа естрадната и медиумите кои ја третираат естрадата, музиката, светот на модата и забавата.

Атрактивната Евгенија е поранешна манекенка и мисица, некогашна членка на модното студио „Шанел“ од Битола со кое има учествувано на многу модни ревии, а освоено и повеќе титули на разните избори за убавина.

Откако младата убавица и професорот нивната љубов ја крунисаа со брак, набргу го добиваат и нивното синче, а Евгенија покрај дипломирањето се стекнала и со титулата магистер.

Евгенија на 01  јануари 2021 година во 10 часот на свет донесе здраво девојче. Ова  е второ дете на семејството Маркоски. Инаку на познатиот инфектолог ова му е и  втор брак. Тој  е поранешен сопруг на екс -пратеничката Ѓулистана Марковска.

Нека им е жива и здрава приновата на семејството Марковски.

To top