Пејачката Нада Топчагиќ тешко поднесува што нејзините колеги и пријатели Маринко Роквиќ и Мерима Његомир починаа во еден месец, па наводно е во депресија.
Пејачката наводно сонува лоши соништа и пие лекови за смирување, пренесува република.рс
Имено, пејачката е потресена од трагедиите кои се случуваат на српската естрада и никако не може да прифати што се случува.
-На Нада многу и е тешко, не може да прифати што се случува. Иако многу тврдат дека глуми, не е така. Таа е емотивна жена, кога некој сака, го сака. Посебно и е криво за Маринко затоа што имаа недоразбирање и не беа во добри односи. Не ја прифати неговата смрт и веста дека Мерима има иста болест и тоа во потежок облик уште повеќе ја разочара. Нада се затвори во четири ѕида и само плачеше. На секој час и се јавуваше на Мерима и праќаше пораки, несвесна дека жената има болки и дека и нема спас. Иако сопругот Златко ја советуваше да се одмори за да не се разболи, тоа не беше можно, вели куќна пријателка на Нада.
Пејачката потврди дека се чувстввуа лошо и дека не е во состојба да зборува.
-Не ми е добро со денови, недели. Што се случува? Немам повеќе солзи. Се плашам да спијам бидејќи се плашам од лоши вести, сите мртви ми се јавуваат во сон. Не гледам во телефонот за да не прочитам дека некој е лош, дека некој починал. Кој е следниот? Се плашам да не сум јас. Ова се тешки времиња. Луѓе, починуваат вистински уметници. Не можам повеќе, изјави Топчагиќ.
За потсетување, Маринко Роквиќ почина на 6 ноември 20021, а Мерима Његомир почина на 20 ноември.
фото: инстаграм/нада топчагиќ