Магазинот Ин тач викли пишува дека Викторија и Дејвид Бекам имаат голем проблем со одржувањето на бракот.
„Викторија и Дејвид не живеат заедно“, изјавил извор близок на семејството за магазинот, а тоа го потврдил уште еден извор близок на Бекамови, кој додал дека не би бил изненаден Дејвид и Викторија наскоро да се рзведат.
Дејвид е во Лос Анџелес, а доста време поминува и во Мајами, каде што води фудбалски клуб, а Викторија претпочита да престојува во Обединетото Кралство.
Поради стресот таа е мрзоволна, а Дејвид се обидува да помине колку што е можно повеќе време надвор од дома.
Инаку,на 4 јули би требало да прослават 19 години брак, а портпаролот на семејството изјавил дека наводните проблеми во бракот на Бекамови се измислица.