Последните неколку месеци многу се пишуваше за врската меѓу Радмила Манојловиќ и Харис Берковиќ.
Се пишуваше дека Харис ја изневерил пејачката поради што таа се напила таблети за смирување и завршила во болница.
По разните шпекулации за нивниот однос и дека раскинале, никој од нив не се огласи.
Меѓутоа, Берковиќ конечно ја откри вистина. Имено, тој сега има неколку вишок на килограми, а на прашањето дали тоа му пречи на Рада, тој одговори:
„За сега, не. Уживаме. Кај нас се е во ред, заедно живееме, изјави Харис.
Со тоа стави крај на сите шпекулации за нивниот однос.