Радио Милева нови семејни проблеми

Се „пали“ на постари: Рада Манојловиќ беше седум години постара од него, а сега Харис Берковиќ во врска со 15 години поискусна

Се „пали“ на постари: Рада Манојловиќ беше седум години постара од него, а сега Харис Берковиќ во врска со 15 години поискусна

Харис Берковиќ (28) долго време не беше сингл откако ја раскина шестгодишната врска со Рада Манојловиќ.
Како што наводно дознале српските медиуми, пејачот веќе има нова девојка и тоа 15 години постара.

Според добро упатените, тој влегол во нова врска само две недели откако му завршила врската со седумгодини постарата колешка. Иако многумина веруваа дека љубовта меѓу двете успешни ѕвезди на „Гранда“ ќе ги издржи сите притисоци и ќе биде крунисана со брак, тоа не се случи. Но, не само што раскинаа, туку Харис брзо и најде замена на Реда.

– За Рада и Харис врската долго време беше на растреперени нозе, но мислеа дека некако ќе ја надминат кризата. Кога Манојловиќ конечно сфати дека нема ништо од тоа и на Инстаграм призна дека двајцата повеќе не се заедно, на Харис исто така му олесна. Не му беше грижа, долго време беа заедно, но тој продолжи понатаму. Почна повеќе да излегува со пријателите, му приоѓаа атрактивни девојки, сето тоа му се допадна. Две недели откако Рада призна дека раскинале, стапил во нова врска со жена која е дури 15 години постара од него. Ја запознал на неговиот настап преку заеднички пријатели и навистина ужива да биде со неа. Таа е од Босна, непозната е за јавноста и е русокоса. Искрите веднаш пламнаа, многу му се допаѓа нејзината енергија и воопшто не ја забележува разликата во годините. Тој е толку приврзан за неа што наскоро планира да започне заеднички живот – вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Haris Berkovic (@_harisberkovic)

Сепак, семејството на Харис, кое воопшто не ја сака потенцијалната идна снаа, овој пат се погрижило се’ да не оди според планот.

– Исто како кога беше во врска со Рада, така и сега Харис го боли глава од семејството. Воопшто не ја сакаат оваа девојка иако е од нивна вера, што најмногу и замериле на Манојловиќ. Сега им пречи што таа е деценија и пол постара од нивниот син. Тие се многу лути на него. При расправија му рекле да не се враќа дома доколку реши да остане со неа. Не сакале ни со очи да ја видат Рада, па таа спиела по хотели, а за новата девојка не сакаат ни да слушнат. Сметаат дека е голем срам за него – заклучува изворот за Курир.рс
Харис не бил достапен да ги потврди горенаведените информации.

To top