Пејачот Павле Камилоски и планинарката Ирина Дишовска вчеравечер, петок, 25 февруари се заколнаа на вечна љубов пред себе, пред Бога и државата.
Свадбената веселба ја започнале во домашна атмосфера со изворна музика.
Потоа обајцата застанале пред олтар во прекрасната црковна церемонија и на крај го ставиле својот потпис во матичната книга на венчани, за конечно прославата да кулминира во еден познат скопски елитен ресторан.
Сестрата на Павле, кулинарката Софка Камилоска, сподели низа фотографии и видеа од свадбата.
Меѓу присутните гости имало и познати и јавни македонски личности и ТВ лица, како Миа Костова и Елена Најдоски.
Ирина била прекрасна невеста, променета во тесна бела креација со пердуви, која го наговестувала нејзиното трудничко стомаче, а пред тоа носела уште една прекрасно креирана бела венчаница, додека Павле зрачел со елеганција во свечениот црн свадбен костум.